Утрински Весник
Македонија

Пронајдена дрога, приведено лице од Тетовско

Пронајдена дрога, приведено лице од Тетовско

Синоќа околу 20.50 часот на регионален пат Волковија-Тетово, во Челопек, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане – СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(20) од с.Требош, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.И.(40) од Тетово, му биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ