Утрински Весник
Македонија

Заев: Спортистите во Владата имаат партнер за обезбедување услови за високи спортски успеси

Заев: Спортистите во Владата имаат партнер за обезбедување услови за високи спортски успеси

Премиерот Зоран Заев, присуствуваше на настанот „Најдобрите спортисти за 2020 година“, организиран од Агенцијата за млади и спорт, предводена од директорот Наумче Мојсовски. Во обраќањето премиерот Заев им честиташе на спортистите и спортистките за сите постигнати успеси и признанија укажувајќи дека во него треба да гледаат како на искрен пријател кој сака да го поддржи спортот.

„Покрај постоечките финансиски средства коишто федерациите и спортот ги добиваат од Агенција за млади и спорт, Владата обезбеди можност за дополнителни 10 милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем. Ваучерите станаа системска мерка и секоја година расте интересот за овој начин на поддршка на спортистите. Разликите сами по себе говорат: Во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари за разлика од 2019 кога 639 фирми донирале 492,9 милиони“, изјави Заев.

Тој истакна и дека ќе бидат разгледани можностите за законско решение со кое ќе се регулира и стажот на спортистите. Дека се воведува родова еднаквост во спортот со претензија да расте бројот на жените во органите на управување во спортските организации, почнувајќи од најмалку 30% во 2020 година, до 50% до 2024 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје