Утрински Весник
Свет

„АстраЗенека“ за реакциите по вакцинација: Очекувани се

„АстраЗенека“ за реакциите по вакцинација: Очекувани се

Британско-шведската мултинационална фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека не ѝ се познати какви било сериозни или неочекувани несакани ефекти од вакцината против коронавирус, истакнувајќи ги строгите стандарди за квалитет и фактот дека вакцината се користи во 50 земји.

Во Германија извештаите за несакани ефекти и загриженоста за ефикасноста доведоа до тоа некои луѓе да ја одбијат вакцината на „АстраЗенека“.

Ова доведе до отпорност на вакцинација со оваа вакцина и откажување на веќе договорените датуми за вакцинација.

„Засега реакциите се очекувани и се во согласност со податоците од нашите клинички испитувања“, рече портпаролот на „АстраЗенека“.

Симптомите по вакцинација вклучуваат привремена болка и осетливост на местото на инјектирање, лесна до умерена главоболка, замор, треска, слабост и болки во мускулите.

„Повеќето симптоми се појавуваат ден по вакцинацијата и најверојатно ќе се повторат по втората доза“, рече портпаролот.

„Не се пријавени сериозни случаи на несакани ефекти поврзани со вакцината“, забележа тој, додавајќи дека компанијата будно го следи развојот на настаните.

Германскиот регулатор за вакцини, исто така, соопшти дека вакцината на „АстраЗенека“ е многу ефикасна и дека реакциите се краткотрајни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хутите се вклучија во војната, со ракети го нападнаа Израел

Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран

Ирански ракетни напади оштетија нафтоводи и далеководи, Израел изврши напад врз воен објект во Иран