Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ЕУ на Унгарија ѝ даде два месеца за да го смени конторверзниот закон за граѓански организации

ЕУ на Унгарија ѝ даде два месеца за да го смени конторверзниот закон за граѓански организации
300x250 opst2

Европската унија денеска на Унгарија и даде рок од два месеца да го смени контроверзниот закон, со кој се бара граѓанските организации да ги откриваат странските донатори.

Државата ќе се соочи со финансиска казна ако не го стори тоа.

Минатата година Европскиот суд на правдата оцени дека унгарскиот закон од 2017 година воведува дискриминација и неправедни ограничувања, кршејќи ги основните права, вклучително и правата за заштита на личните податоци и слободата на организациите.

„Граѓанските организации се неопходен дел од нашата демократија. Ние мора да ги поддржуваме, а не да се бориме против нив“, рече денеска Вера Jурова, заменик-шеф на Европската комисија (ЕК).

ЕК испратила писмо до премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во кое се наведува дека му дава рок од два месеца да ја спроведе одлуката на Европскиот суд на правдата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа