Утрински Весник
Свет

Во Финска откриена нова мутација на коронавирусот

Во Финска откриена нова мутација на коронавирусот

По британскиорт, јужноафриканскиот и бразилскиот вид, сега во Финска е откриена сосем нова мутација на коронавирусот.

Засега, според финската телевизија YLE, сè уште е нејасно дали видот наречен Fin-796H е позаразен од другите.

Вирологот Оли Вапахалагти истакнува дека финскиот вид не го препознава толку добро ПЦР-тестот како другите видови.

Нема многу податоци за другите специфики на финскиот вид, освен што има одредени карактеристики на мутација, кои се присутни и во британскиот и во јужноафриканскиот сој.

Вирологот од Универзитетот во Турку, Илка Јулкунен, вели дека нема причина за загриженост.

„Немаме сигурни докази дека овој вид е позаразен или дека има последици врз имунитетот на луѓето кои го прележале коронавирусот, односно кои биле вакцинирани“, потенцира тој.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик