Утрински Весник
Македонија

Хигиеничари, програмери и возачи на камиони меѓу најогласуваните позиции во услови на пандемија

Хигиеничари, програмери и возачи на камиони меѓу најогласуваните позиции во услови на пандемија

Од почетокот на пандемијата пред скоро една година до сега, отпуштени биле 18.174 граѓани.

Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за вработување, чиј директор Абдуш Демири посочи дека на дневна основа има и до 7.000 огласи со кои се бараат работници по различни струки. Тој вели дека пандемијата придонела кон зголемување на бројот на невработени лица.

„Во Агенцијата за вработување евидентирани се 158.681 невработени лица кои се активни баратели на работа и 90.293 пасивни баратели на работа. На веб-страницата во дневна основа во просек има активни конкурси помеѓу 6.000 до 7.000 за отворени работни места. Работодавачите огласиле најмногу слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на работни простории, програмер, продавач, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, тесларски работи и други занимања“, рече директорот Демири.

Тој смета дека Владата со економските пакети мерки помогнало да се сочуваат работните места.

„Со сигурност бројот на невработени лица во текот на 2020 година бележи зголемување. Во услови на криза, во 2020 година, Владата донесе пакети економски мерки за да се помогне на стопанството и да се сочуваат работните места. Со четвртиот пакет мерки, со мерка платежна картичка за поголема потрошувачка беа опфатени и пасивните баратели на работа евидентирани во АВРСМ“, додаде Демири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне