Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: името на Данило Коцевски е дел од новата листа на предложени имиња на улици и објекти

Град Скопје: името на Данило Коцевски е дел од новата листа на предложени имиња на улици и објекти

Град Скопје се огласи со реакција на пишувањата во некои медиуми што го пренесуваат ставот на Огнен Коцевски, околу наводното недоволно почитување на ликот и делото на неговиот татко, Данило Коцевски. Градската управа посочува дека името на истакнатиот книжевник и хроничар на Скопје е дел од новата листа предложени личности и настани во врска со именувањата на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на градот.

„Имено, името на Данило Коцевски, книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург, поет и хроничар на Скопје, е дел од новата листа на предложени имиња (страница 46, реден број 250). Градот Скопје отсекогаш го ценел придонесот на Коцевски како хроничар на Скопје, а тоа се гледа во поддршката на повеќе негови проекти во минатото, како и долгогодишната соработка во организирањето на свеченостите по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје. Тој  во 2008 година е избран за  член на Одборот за одбележување на 45-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година, под мотото „Скопје – 45 години град на солидарноста“, додека во 2010 година Коцевски е и именуван за член на Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје“, стои во соопштението.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери