Утрински Весник
Магазин

Лени Кравиц им се придружува на Џенифер Лопез и Џош Духамел во нова акциона комедија

Лени Кравиц им се придружува на Џенифер Лопез и Џош Духамел во нова акциона комедија
Dik 300x250 mk

Џенифер Лопез и Џош Духамел имаат уште неколку гости кои доаѓаат на нивната свадба со пушки, Shotgun Wedding, нов филм во кој им се придружува и Лени Кравиц.

56-годишниот пејач и актер го стави својот потпис за да глуми во акционата комедија на „Лајонсгејт“, објави холивудскиот портал „Дедлајн“ во вторникот.

Исто така, според филмскиот портал, своите потписи ги ставија и Чич Меран, Дарси Карден, Селина Тен, Дезмин Борхес и Алекс Малари.

Приказната е насочена кон Грејс (Лопез) и Том (Духамел), кои се подготвуваат да ги соберат и двете свои семејства за нивната свадба.

Она што семејствата не го знаат е дека парот има трема и малку страв, но сето тоа станува второстепено кога семејствата одеднаш ќе бидат земени како заложници.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство