Утрински Весник
Македонија

Рускиот амбасадор ја посети Битола, заинтересираност за поголема културна и економска соработка

Рускиот амбасадор ја посети Битола, заинтересираност за поголема културна и економска соработка

Во работна посета на Битола денеска престојуваше рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Базникин, кој остварил средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Како што се наведува во соопштението за средбата, рускиот амбасадор изразил голема благодарност за соработката со општината при реализацијата на значајни датуми од руската историја кои се одбележуваат во градот.

На средбата се разговарало за потенцијалите и можностите за продлабочување на културната и економска соработка на двата збратимени градови од Руската федерација, Пушкин – Санкт Петербург и Нижни Новгород со Битола.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани

Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Божиновска по повод Денот на рударите: Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд