Утрински Весник
Свет

Монтгомери: Медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со „Астразенека“ поради помалата ефикасност

Монтгомери: Медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со „Астразенека“ поради помалата ефикасност

Претседателот на Светското медицинско здружение, Франк Улрих Монтгомери, смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на „Астразенека“.

Монтгомери за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ изјави дека вакцината е безбедна како и другите вакцини, но помалата ефикасност не може да се игнорира.

„Верувам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, кои вклучуваат медицински персонал и негуватели, треба да бидат вакцинирани со поефикасна вакцина“, нагласи тој.

Монтгомери рече дека го разбира медицинскиот персонал кој одбива вакцинација со „Астразенека“, пренесе „Танјуг“.

Кога станува збор за помлади луѓе, кои имаат помал ризик од посериозни болести по заразата, тој верува дека можат да имаат корист од вакцината на „Астразенека“.

Монтгомери бара можност за избор со која вакцина сакаат да се вакцинираат граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина 

Унгарија нема да подлегне на притисокот од Украина за купување поскапа нафта

Мајка и тројца синови се во притвор поради експлозијата во американската амбасада во Норвешка