Утрински Весник
Македонија

Платформа за родова еднаквост: Бараме итни мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“

Платформа за родова еднаквост: Бараме итни мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“

Платформата за родова еднаквост упати барања до министерството за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот „Јавна соба“ и доследна заштита на жените жртви на родово насилство.

„Со жалење заклучуваме дека иако сте Министер за внатрешни работи веќе втор мандат, ние во практика не гледаме никакво унапредување во однос на постапувањето на полицијата во ваквите случаи. Дури и најдобрите закони во областа нема да имаат ефект, доколку полицијата продолжи со непрофесионално постапување, засновано на лични и произволни ставови засновани на родови стереотипи и предрасуди“, изјави Бојана Јовановска.

Од Платформата за родова еднаквост велат дека жените не веруваат на полицијата и сметаат дека пријавувањето е залудно, поради практиките на непостапување, неверување и релативизирање на искуства на жртвите.

Здруженијата истакнаа дека во полицијата постои непотизам, корупција и култура на прикривање на пропусти меѓу полициските службеници, поради кои како што велат, насилниците поминуваат несанкционирано, а жртвите губат верба во системот.

Сметаат дека отсуството на санкции за полициски службеници кои се сторители на насилство кон жени, особено кон
маргинализирани групи на жени како Ромки, сексуални работнички, бездомнички и други, е уште еден показател дека наместо да владее правото, владее моќта на посилниот.

„Искуствата на жените на кои со години им обезбедуваме бесплатна правна помош и други услуги и во чие име застапуваме промени во законската рамка и навремен, професионален однос на службите кои постојат за да обезбедат нивна заштита, покажуваат дека случаите во кои полицијата соодветно постапува се исклучок, а не правило.
Секторот за внатрешна контрола во своето постапување, нема волја соодветно да ги истражи случаите и бара жртвите да докажуваат несоодветно постапување, додека сите доказни средства се во рацете на полицијата, “ дополнува
Јовановска.

Тие побараа итна испорака на конкретни резултати со рок до 8ми март, кои ќе покажат дека конечно се преземаат мерки за унапредување на состојбите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата