Утрински Весник
Магазин

„Невозможна мисија“ 7 и 8 нема да се снимаат истовремено поради големите доцнења

„Невозможна мисија“ 7 и 8 нема да се снимаат истовремено поради големите доцнења

Завршено е снимањето на локацијата на најновото продолжение на „Невозможн мисија“ со наслов „Мисија: Невозможно 7“ откако Ковид-19 го прекина глобалниот маратонски распоред.

Во неделата, режисерот Кристофер Меквери објави на Инстаграм дека продукцијата е готова во Абу Даби и тој се враќа назад во Лондон за неколку завршни финеси.

Доцнењата предизвикани од пандемијата, сепак, значат дека планот на sвездата Том Круз да се снима директно и осмиот филм „Мисија: Невозможно“ останува во фиока, пишува „Дедлајн“.

„Мисија: Невозможно-7“ треба да излезе на 19 ноември.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Науката сѐ повеќе потврдува: Животот на Земјата потекнува од вселената; сите делови од ДНК најдени на астероид

Турското крајбрежје ги нуди едни од најдобрите искуства за време на летните горештини

Дневен хороскоп за 10 Јули 2026 година