Утрински Весник
Магазин

Поранешниот продажен центар на ИКЕА во Ковентри ќе стане уметнички центар

Следниот град на културата во Велика Британија планира да го трансформира празниот продажен центар на ИКЕА во уметнички центар.

Шведскиот гигант, светски ланец на продавници за мебел, ИКЕА, ја затвори својата подружница – трговски комплекс во Ковентри во март 2020 година, но со нови предлози може да стане дом на национални и локални уметнички дела и колекции.

Градскиот совет на Ковентри ќе гласа за предлозите за купување на значајната продавница во центарот на градот следната недела, пренесува „Би-би-си“.

Според Советот, тоа е „добра можност и потег со кој градот со право може да се гордее“.

Ковентри е град на културата во Велика Британија за 2021 година, а Градскиот совет смета дека трансформацијата на ИКЕА-продавницата „ќе донесе трајно наследство“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трик со мобилен открива крлежи за секунди – малкумина знаат за оваа функција

Работник опиша какви се условите за работа во Германија: „Кај Германец да, кај Балканец никогаш“

Дневен хороскоп за 26 мај 2026 година