Утрински Весник
Македонија

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека поради остатоци од снег на коловозот, забрана за камиони и автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. На патот Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на камиони со приколка.

Забрана за сите видови моторни возила, пак, е водена на патниот правец Ранковце – Герман.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Поради ниските температури, на некои места е можна појава и на голомразица.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ердоган им подари револвери на лидерите на НАТО – Силјановска нема да го користи подарокот

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип пријавиле труење со храна

Албанската полиција: Лицето од ВЛЕН не беше вратено поради дипломатија, туку поради законски пречки