Утрински Весник
Спорт

Десет години од славната пресметка на Гатузо со Џо Џордан

Десет години од славната пресметка на Гатузо со Џо Џордан

На денешен ден пред точно 10 години, легендата на Милан, а сега тренер на Наполи, Џенаро Гатузо славно се обиде да го удри со глава Џо Џордан по поразот од Тотенхем.

Питер Крауч им донесе на Тотенхем 1:0 победа во меч од Лигата на шампиони, по што капитенот на Милан, Гатузо сакаше да се пресмета со помошникот на тренерот Хери Реднап, шкотската фудбалска легенда Џордан, сметан за еден од најцврстите дефанзивци во историјата на фудбалот.

Рино по мечот се правдаше дека Џордан, легенда на Глазгов Ренџерс (каде што дел од кариерата помина и Гатузо) и Манчестер јунајтед, го провоцирал цел меч, но призна дека претерал со реакцијата.

> Десет години од славната пресметка на Гатузо со Џо Џордан <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1