Утрински Весник
Магазин

Нов брат или сестра за Арчи! Кралското семејство воодушевено од веста за бременоста на Меган

насловче 2

 

Тричленото семејство на војводата и војвотката од Сасекс наскоро ќе стане четиричлено, бидејќи Меган Маркл го очекува своето второ дете со принцот Хари.

Среќната вест беше објавена во неделата на 14 февруари, а ја потврди и портпаролот на парот: „Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете.“

Најавата беше дополнета со нова фотографија од парот, снимена од нивниот пријателк Мисан Хариман. Црно-белата фотографија го покажува парот во градина, насмеаната Меган ја потпира главата во скутот на принцот Хари, со раката на нејзиниот стомак. Иако нејзината бременост е јасно видлива, проценетиот датум на породување допрва треба да биде објавен.

Хариман на Инстаграм напиша: „Мег, јас бев таму на вашата венчавка за да сведочам за започнувањето на оваа љубовна приказна, и моја пријателке, чест ми е што можам да го доловам моментот кога таа приказна расте. Честитки за војводата и војвотката од Сасекс за оваа радосна вест!“

Британските медиуми пренесуваат реакција на Бакингемската палата на веста дека Хари и Меган го чекаат своето второ дете: Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат добро“.

Кралското семејство било претходно известено за бременоста.

Двојката веќе се родители на Арчи Маунтбатен-Виндзор, кој е роден на 6 мај 2019 година.

Војводата и војвотката од Сасекс на настан во Канада, 2019 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив