Утрински Весник
Магазин

„Дизни плус“ има 95 милиони претплатници, ги надмина четиригодишните проекции за само 14 месеци

„Дизни плус“ има 95 милиони претплатници, ги надмина четиригодишните проекции за само 14 месеци

Само 14 месеци од постоењето на стриминг-сервисот „Дизни плус“, тој веќе ги надмина очекувањата на сопствената матична компанија.

„Дизни“ во четвртокот објави дека според последниот извештај направен на 2 јануари 2021 година, бројот на претплатници на „Дизни-плус“ ширум светот се искачил на 94.9 милиони.

Новата цифра претставува пораст од 8 милиони претплатници од вкупниот број 86.8 милиони регистрирани на 2 декември, и истовремено ја надмина нивната четиригодишна проекција од 90 милиони претплатници за само 14 месеци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?