Чик Кореа, џез музичар добитник на „Греми“ награди, почина на 79-годишна возраст, наведено е на неговата веб-страница.
Кариерата на култниот џез пијанист траеше повеќе од пет децении. Неговиот последен албум беше објавен во 2020 година. Кореа е четврти најноминиран уметник во историјата на Греми-наградите со 65 номинации, победувајќи 23 пати.
Тој починал на 9 февруари од редок вид на рак, кој бил дијагностициран неодамна.
Кореа свиреше со Мајлс Дејвис кон крајот на 1960-тите, а неговата група, Return to Forever беше во првите редови на движењето џез-фузија.(движење за фузија на џезот)
Во светот беше познат и како композитор на многу хитови како Spain и 500 Miles High.