Утрински Весник
Магазин

Колин Фарел како сребрена лисица

Колин Фарел како сребрена лисица

Холивудскиот актер Колин Фарел неодамна ги шокираше фановите кога се појави со свежо избричена глава.

Но, 44-годишниот Фарел докажа дека е како сребрена лисица во средата попладне, кога тргна на прошетка низ Лос Анџелес, коментираат таблоидите, кои веднаш забележаа сиви и бели стрништа на главата, наместо препознатливиот бринетски тон.

 

И покрај тоа што остана без неговите темно кафеави прамени, sвездата од „Јастог“ изгледа опуштено како и секогаш, додека се подготвува за вообичаеното согорување на калории во придружба на своето домашно милениче.

Ирскиот актер со нверојатен мек и секси шарм пред неколку години потпиша договор со италијанското модно дуо Долче и Габана и беше заштитно лице на парфемот Intenso.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“