Утрински Весник
Магазин

Хејли Бибер моќна и женствена во црн костим

Хејли Бибер моќна и женствена во црн костим

Хејли Бибер покажа моќ на класична женственост во стилско одело, кога се упати на деловен состанок во Беверли Хилс, Калифорнија, во средата.

24-годишната манекенка облече црн костим на брендот Attico – панталони и сако со истакнати раменици и длабоко деколте. На оваа комбинација ѝ додаде поп-боја со светло зелени сандали од истиот бренд.

 

Ултра модерниот изглед го дополни со златен ѓердан и црни очила за сонце.

Папараците ја забележаа откако излезе од своето возило, подготвена за деловна средба. Устата и носот ѝ се покриени со црна маска, во екот на пандемијата на Ковид-19.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто смеењето е клучно за развојот на мозокот на вашите деца

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми

Турчин открил таен пат од својата куќа до најпознатото подземно засолниште во Мала Азија