Утрински Весник
Свет

„Астра зенека“ за сиромашните чека итно одобрување од СЗО

„Астра зенека“ за сиромашните чека итно одобрување од СЗО

Вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 е безбедна и ефикасна, соопшти комисијата на Светската здравствена организација, советувајќи дека вакцинацијата ќе биде од голема корист, вклучително и делови од светот каде што јужноафриканската варијанта на коронавирус може да ја намали нејзината ефикасност, објави Радио Слободна Европа.

Привремената препорака дојде од Стратешката советничка група на СЗО за имунизација (САГЕ) на 10 февруари, бидејќи се очекува  дека здравствената агенција на ООН ќе ја одобри вакцината  на „Астра зенека“ следната недела.

Вакцината на „АстраЗенека“ го сочинува огромното мнозинство од скоро 340 милиони инјекции што глобалната програма „Ковакс“ планира да ги испорача на посиромашните земји пред јули, но пред да бидат испорачани СЗО мора да даде итно одобрување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еквадор испраќа 10.000 војници против банди за трговија со дрога

Поднесен предлог до Парламентот за повлекување на Франција од НАТО

„Не го чепкајте Гренланд“: Големи протести денес во Копенхаген и Нуук