Утрински Весник
Свет

Чешкиот премиер заинтересиран за вакцинацијата со руски и кинески вакцини во Србија

Чешкиот премиер заинтересиран за вакцинацијата со руски и кинески вакцини во Србија

Агенцијата Асошиејтед прес (АП) пишува дека премиерот на Чешка вчера ја посетил Србија со цел да дознае повеќе за програмата за масовна вакцинација со кинески и руски вакцини.

Чешкиот лидер Андреј Бабиш претходно побара вакцини надвор од заедничката програма на ЕУ, откако беа одложени испораките на западните компании за лекови, со кои Унијата склучи договори.

Со тим експерти, Бабиш минатата недела ја посети и Унгарија, која е прва земја на ЕУ што даде зелено светло за руската вакцина.

„Се обидувам да соберам што повеќе информации за другите вакцини кои не се одобрени“, рече Бабиш во Белград по состанокот со српската премиерка, Ана Брнабиќ.

Брнабиќ рече дека искуството на земјата со сите три достапни вакцини е одлично.

Србија со повеќе од 500.000 вакцинирани, во моментов е втора во Европа според стапката на вакцинација по жител, зад Велика Британија, пренесува Б92.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голема акција во Израел: планира да врати 150.000 свои државјани во земјата

Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Судир на два танкера во Ормускиот теснец: Оган и чад се гледаат на километри оддалеченост