Утрински Весник
Свет

(Видео) Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестот против корона-мерките во Израел

(Видео) Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестот против корона-мерките во Израел

Хаотични сцени беа забележани во Ерусалим кога се случи судир меѓу полицијата и демонстрантите за време на протестот против ограничувачките мерки против коронавирусот.

Стотици мажи од заедницата Хареди се собраа во вторникот вечерта во знак на протест против мерките на јавното здравје, особено поради затворањето на училиштата познати како јешива.

Почетокот на собирот помина мирно, а демонстрантите ги слушаа говорите на водачите на заедницата. Сепак, по завршувањето на митингот, демонстрантите отидоа на блиската улица и започнаа расправии со полицијата, палејќи контејнери и блокирајќи го сообраќајот, пренесува РТ.

https://www.youtube.com/watch?v=flrXtUmaVIw

Според извештаите на локалните медиуми, демонстрантите фрлале камења и други предмети кон полицајците. Полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите, а најмалку едно лице било приведено поради немирите.

Ваквите сцени се повторуваат на улиците на Ерусалим веќе некое време.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија