Утрински Весник
Македонија

Заев: Нема да има предвремени парламентарни избори

Заев: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предвремени парламентарни избори нема да има, изјави премиерот Зоран Заев, како одговор на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека дури и од Месечината се гледа дека ќе има предвремени избори.

„Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата“, рече Заев.

Според него, Македонија веќе помина неколку пати низ вонредни парламентарни избори и само изгуби од тоа.

Заев ги наброја општините од чии градоначалници е задоволен како работат, но рече дека сепак реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори.

„Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија“, рече Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”