Утрински Весник
Свет

Во Италија запленет повеќе од еден тон кокаин

Во Италија запленет повеќе од еден тон кокаин

Во италијанското пристаниште на Тиренското море, во провинцијата Калабрија, полицијата за помалку од седум дена заплени 1.300 килограми чист кокаин.

Дрогата била скриена во контејнери кои доставувале кафе, смрзнато месо и егзотично овошје од Јужна Америка.

Според полицијата, два контејнери биле испорачани од Бразил, а третиот од Еквадор.

Кокаинот бил откриен меѓу испорачаната стока благодарение на употребата на современи скенери. Вредноста на запленетата дрога на пазарот, што, меѓу другото, ја дистрибуира криминалната организација Ндрангета, е околу 260 милиони евра, објави полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела