Утрински Весник
Македонија

Од утре студен бран и обилни врнежи, од петок снег

Од утре студен бран и обилни врнежи, од петок снег

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни  проследени со силен ветер, соопштуваат од УХМР. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север, утре попладне ќе почне да дува и засилен северен ветер, кој според метеоролозите ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување.

Според најавите, во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка.

Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север од утре попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката

Вечерва во 02.32, минута молк пред „Пулс“