Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ: Милошоски да поднесе оставка, бил осуден во Германија

(Видео) СДСМ: Милошоски да поднесе оставка, бил осуден во Германија

Според последните информации објавени во медиумите, покрепени и со документи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антинојо Милошоски, бил осуден за сторени кривични дела во Германија, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Осуден од суд во Ахен и казнет со парична казна за сторените дела. Според објавениот документ еден од основите за казната се однесуваат на „кражба и злоупотреба на мала вредност“ и „придобивки со измама“, согласно германското законодавство“, рече тој.

Наместо да излезе пред јавноста, додаде Костовски, Милошоски се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи и несмасно да обвинува други за шпекулации.

„Неговиот шеф, Христијан Мицкоски, исто така се криеше од јавноста. Но, вистината како што реков исплива на виделина, излегоа документи кои го потврдуваат скандалот. Антонијо Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, и близок соработник на Мицкоски е фатен во нова лага“, изјави Костовски.

Тој вели дека политичарите имаат обврска и одговороност пред граѓаните и затоа Милошоски треба да се извини и си поднесе оставка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство