Утрински Весник
Свет

Лавров: Русија е еден од клучните гаранти на мултиполарниот светски поредок

Лавров: Русија е еден од клучните гаранти на мултиполарниот светски поредок

Русија е еден од клучните гаранти на мултиполарниот светски поредок, рече министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во честитките по повод Денот на дипломатските работници, кој во Русија се слави на 10 февруари.

„Строго водени од принципите на Повелбата на ООН, ние промовираме обединувачки план, продлабочувајќи ја плодната соработка со огромното мнозинство странски партнери во Евроазија, Африка и Латинска Америка. Денес, Русија е еден од клучните гаранти за поправеден и подемократски мултиполарен светски поредок“, рече Лавров, пренесува РИА новости.

Лавров ги истакна и клучните задачи на дипломатската служба во Русија. Меѓу нив се сложената организација на „eвроазиската куќа“, усогласувањето на процесите на интеграција што се развиваат на континенталната област, како и зајакнувањето на општо признаените меѓународно-правни основи на меѓудржавната комуникација, помошта за политичко решавање на кризите и конфликтите и обезбедувањето стратешки стабилност.

Дипломатот увери дека Министерството за надворешни работи ќе продолжи да прави сè што е потребно за да ги заштити правата и интересите на Русите и сонародниците во странство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела