Утрински Весник
Спорт

„Десеткуваниот“ Реал за седум минути го „реши“ Хетафе

„Десеткуваниот“ Реал за седум минути го „реши“ Хетафе

Реал Мадрид се доближи на пет поени од лидерот Атлетико Мадрид (но со два натпревари повеќе), откако и покрај големите проблеми со повредите во тимот на Зинедин Зидан, тие стигнаа до 2:0 победа во градското дерби со Хетафе.

„Бункерот“ на гостите изддржа до 60. минута, кога Карим Бензема го постигна својот 11. гол за „кралевите“ оваа сезона, за само седум минути подоцна, Ферлан Менди да постигне убав гол и да го реши победникот.

Реал по 22 меча има 46 поени на второто место на табелата, пет зад Атлетико, и три пред Барселона, која утре игра со Севилја. Хетафе, без победа во четири меча, е на 13. место со 24 поени.

> „Десеткуваниот“ Реал за седум минути го „реши“ Хетафе <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1