Утрински Весник
Спорт

Во Токио тестирања ќе има на секои четири дена

Во Токио тестирања ќе има на секои четири дена

Организаторите на Олимписките игри во Токио, кои треба да се одржат од 23.јули до 8.август, објавија книга со правила, на кои ќе треба да се придржуваат учесниците на најголемата спортска смотра.

Најважна точка е дека спортистите, на секои четири дена ќе бидат тестирани на коронавирусот. Кај секој што ќе биде потврдено присуството на вирусот, автоматски ќе биде дисквалификуван.

Во документот кој има 33 страници, се вели и дека спортистите можат да бидат исфрлени од Игрите, доколку не ги почитуваат правилата, донесени од страна организаторот.

Тоа значи дека ќе биде забрането прегрнување, дружење и ракување.

И покрај тоа што коронавирусот се шири во Јапонија, Владата на оваа земја и организацискиот одбор, се сигурни дека ОИ ќе се одржат. Од друга стрна, дури 80 отсто од жителите, сметаат дека Игрите треба или повоторно да се одложат, или воопшто да не се одржат.

> Во Токио тестирања ќе има на секои четири дена <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига