Утрински Весник
Свет

Велика Британија планира дополнителни тестирања за патниците од странство

Англија повторно воведува рестриктивни мерки

Британските власти имаат намера да воведат дополнителни тестови за патниците од странство што се чуваат во карантин, но конечната одлука за тоа сè уште не е донесена, изјави денеска министерот за животна средина, Џорџ Џастис.

ИТВ објави дека постои план сите патници кои пристигнуваат во Велика Британија од странство да бидат тестирани на вториот и осмиот ден по пристигнувањето, додека се во карантин.

„На овој начин, ние сакаме дополнително да ги зајакнеме мерките против коронавирусот“, потврди Џастис за „Скајњуз“, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица