Утрински Весник
Свет

Израел и Грција постигнаа договор за слободно патување на вакцинираните туристи

Израел и Грција постигнаа договор за слободно патување на вакцинираните туристи

Израел и Грција се согласија дека нивните граѓани кои примиле вакцина против коронавирус ќе можат слободно да патуваат во двете земји.

„ Треба да им го олесниме патувањето на оние кои даваат доказ за вакцинација и имаме намера да го сториме тоа со Израел (…), кој е далеку пред нас во однос на вакцинацијата“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во заедничката изјава со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху.

Договорот ќе им овозможи на израелските туристи „да патуваат во Грција без никакви ограничувања и без карантин“, додаде Нетанјаху.

Израел вчера започна да излегува од третиот карантин што го воведе во декември, но не ги укина ограничувањата на меѓународните летови суспендирани до 20 февруари.

„Зелениот пасош“ ќе биде воведен „кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување“, рече израелскиот премиер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапки на територии