Утрински Весник
Економија

Занаетчиска комора: Постојат дејности кои не можат да не работат во недела

Занаетчиска комора: Постојат дејности кои не можат да не работат во недела

Занаетчиската комора смета дека постојат дејности кои не можат да не работат во недела поради природата и видот на услугите што ги вршат.

„Во однос на законското решение за недела како неработен ден доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите што ги вршат. На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќарници, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење дејност“, велат од Коморатта.

Од таму додаваат дека засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг-услуги и достава на храна затоа што, како што велат од Комората, треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници

Намалување на превезената стока во товарниот патен превоз, зголемување во железничкиот и воздухопловниот