Ливерпул, во финишот на преодниот рок, панично бараа централен дефанзивец. Првата нивна понуда заминала кај Самуел Умтити, а откако тој одбил да се пресели на „Енфилд“, Ливерпул ги донесе Бен Дејвис од Престон и Озан Кабак од Шалке.
Челниците на Барселона биле подготвени да го продадат светскиот првак со Франција од 2018 година.
Умтити, иако не игра многу кај Роналд Куман, сезонава собра само 400 минути во сите натпреварувања, не сакал да се пресли во редовите на актуелниот англиски шампион.
Како што објави „Атлетик“, Умтити сакал да заврши сезоната, а потоа да ги разгледа понудите и самиот да си одбере клуб, односно да ја избере најдобрата понуда.
> Умтити го одбил Ливерпул во финишот на преодниот рок <