Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Данска: Секој петти новозаразен го има новиот вид на вирусот

Данска: Секој петти новозаразен го има новиот вид на вирусот
300x250 opst2

Секое петто новозаразено лице во Данска, кај кое е откриен вирусот во последната недела од јануари, е заразено со новиот вид што беше откриен во Велика Британија. Затоа експертите тврдат дека карантинските мерки и натаму се неопходни во борбата против пандемијата.

Новиот вид, за кој официјалните лица во Данска веруваат дека може да биде позаразен и до 50%, се очекува да стане доминантен до средината на февруари, пренесува „Ројтерс“.

Во Данска досега се заразиле нешто повеќе од 200.000 луѓе, а пријавени се 2.200 смртни случаи како последица на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина