Утрински Весник
Свет

СЗО: Забрзајте ја кампањата за вакцинација во Европа

СЗО: Забрзајте ја кампањата за вакцинација во Европа

Европа мора да ја забрза кампањата за вакцинација против коронавирус со поддршка на сите лаборатории, апелираше шефот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Во интервју за агенцијата „Франс прес“, Клуге рече дека е загрижен за влијанието на новите варијанти на вирусот врз ефикасноста на вакцината.

„Мораме да ги здружиме силите за да ја забрзаме вакцинацијата“, повика Клуге по тешкиот почеток на кампањата за вакцинација во Европската Унија поради недостиг на вакцини и тензии меѓу Брисел и одредени производители.

Клуге додаде дека конкурентските фармацевтски компании мора да ги обединат своите напори и значително да ги зголемат производните капацитети – тоа е она што е потребно.

„Ние исто така мора да се подготвиме за нови мутации на вирусот“, рече Клуге, повикувајќи на солидарност со земјите кои не можат да набават вакцини.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски борбен авион влезе во воздушниот простор на НАТО

Трамп: Очекував поголем пораст на цените на нафтата, не е толку лошо

Цената на природниот гас се покачи за 25 отсто по нападот од Иран на Катар