Утрински Весник
Свет

Додик: Случајот „Иконa“ е класичен спин

Додик: Случајот „Иконa“ е класичен спин

Случајот „Иконa“ е класичен спин создаден од министерката за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Бисера Турковиќ, рече Милорад Додик.

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Додик, денес беше сослушан во Обвинителството на БиХ како сведок во случајот „Икона“.

Тој посочи дека во тој случај нема инкриминирано дело и нема обвинение.

„Очигледно дека ова е класичен спин создаден и пласиран во јавноста од министерката за надворешни работи во Советот на министри, Бисера Турковиќ“, рече Додик и повтори дека иконата не ѝ припаѓа на Украина.

Станува збор, инаку, за иконата што Додик му ја подари на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на неговата посета на Република Српска и Сараево во декември минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад