Утрински Весник
Свет

„Амнести“ почна кампања за ослободување новинарка уапсена во Египет

„Амнести“ почна кампања за ослободување новинарка уапсена во Египет

„Амнести интернешнл“ во средата ги повика своите активисти да почнат кампања за итно ослободување на новинарката Солафа Магди, која беше уапсена во Египет и се соочува со обвиненија за тероризам.

Мегди (34) беше уапсена во ноември 2019 година во придружба на својот сопруг, фоторепортерот Хосам Ел-Сајед, и нивниот пријател Мохамед Салах. Тие се обвинети за приклучување кон терористичка група и злоупотреба на платформите на социјалните мрежи.

Лондонската невладина организација ги повика активистите да испратат апели до египетскиот јавен обвинител Хамада Ел-Сави за итно и безусловно ослободување на Мегди, Ел-Сајед и Салах. Тие ги негираат сите обвиненија.

Пријатели и колеги тврдат дека биле цел на напади затоа што му се пријатели на политичкиот затвореник Исраа Абделфатах, кој исто така бил киднапиран од улица во Каиро и поради нивната новинарска работа.

Солафа и Хосам имаат седумгодишен син, кој повеќе од една година не ги видел своите родители. Тие се обвинети за ширење лажни вести и приклучување кон терористичка организација во истиот случај во кој е уаосен Исраа. Солафа пишува за човековите права, малцинствата, социјалните немири, образованието, сексуалното вознемирување и за миграцијата.

Како хонорарни работници Солафа и Хосам имаат мала финансиска поддршка, но сепак ги ставаат своите животи во опасност за да го информираат светот. Според  „Мадр Маср“, пред апсењето двојката постојано била запирана од полицијата и од другите граѓани бидејќи не им се допаѓале медиумите за кои работеле, а главно биле странски медиуми.

Организацијата подготви образец за жалбата, во кој се објаснува дека Сулафа Мегди е притворена единствено поради нејзината новинарска работа и поради застапување за жртвите на кршењето на човековите права.

„Амнести“ ги повика и египетските власти веднаш и безусловно да ги ослободат сите новинари во земјата. Овој потег следува еден ден откако египетското Министерство за внатрешни работи негира дека Мегди била мачена или малтретирана во женскиот затвор „Ал-Канатер“, вест што медиумите ја раширија на социјалните мрежи.

Египет честопати е критикуван за апсење новинари и опозициски политичари во случаи на слобода на изразување и мислење. Режимот постојано тврди дека на затворениците, без исклучок, им се даваат сите законски гаранции и права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата