Утрински Весник
Свет

Московската полиција пребара речиси 50 градинки поради закани за бомби

Московската полиција пребара речиси 50 градинки поради закани за бомби

Најмалку 48 градинки во Москва биле темелно пребарани по добиени закани за бомби, изјави за ТАСС извор од московската полиција.

„Полицијата доби дојава за бомби во 48 градинки во центарот на Москва. Зградите се прегледани и не се пронајдени експлозивни направи. Не е наредена евакуација“, рече изворот додавајќи дека истрагата за случајот е во тек.

Бран закани за бомби почна во многу руски градови во ноември 2019 година. Анонимни лица испраќаа по електронска пошта предупредувања за можни експлозии во судовите, училиштата, трговските центри, продавниците и на универзитетите.

Од март овие закани се насочени и кон авиони. Ниту една од нив не е потврдена. Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека блокирала неколку странски ресурси, кои биле извор на илјадници лажни закани за бомби.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин