Утрински Весник
Свет

„Фејсбук“ блокиран во Мјанмар поради повици за граѓанска непослушност

„Фејсбук“ блокиран во Мјанмар поради повици за граѓанска непослушност

Новата воена Влада во Мјанмар ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук поради објавување повици за граѓанска непослушност по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи.

Мобилниот оператор Теленор Мјанмар преку соопштение потврди дека мобилните оператори и интернет провајдерите во Мјанмар добиле инструкции од Министерството за комуникации привремено да го блокираат Фејсбук.

Фејсбук исто така ја потврди таа информација.

Група демонстранти се собраа денеска во Мандалај, во знак на протест против преземањето на власта од страна на армијата. Ова е прв протест откако армијата ја презеде власта во понеделникот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе