Утрински Весник
Свет

Во Србија повеќе од 1.900 новозаразени со коронавирус, 15 починaти

Во Србија повеќе од 1.900 новозаразени со коронавирус, 15 починaти

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.932 новозаболени лица, а 15 лица починале.

Тестирани се 11.960 лица, а од почетокот на пандемијата 2.652.095.

Бројот на хоспитализирани пациенти е 4.002, а во моментот има 153 лица на апарати за дишење.

Вкупниот број на регистрирани случаи е 400.837. Од почетокот на павидемијата од Ковид-19 починале 4.071 лице во Србија.

Државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Џерлек предупреди дека, поради бројот на новозаразени лица, кој не се намалува, сите сепак мора да се придржуваат кон мерките.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина

Маѓар: Завршува четиригодишната вонредна состојба во Унгарија поврзана со војната во Украина

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца