Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Словенечка тинејџерка почина од гас за смеење

Словенечка тинејџерка почина од гас за смеење
300x250 opst2

Седумнаесетгодишна Словенка, која била во посета на пријателка во Грац, Австрија, наводно починала од предозирање со гас за смеење, кој  двете тинејџерки го вдишувале од шише.

На почетокот на минатата недела, 17-годишната Словенка изгубила свест во станот на родителите на нејзината пријателка во Грац. Спасувачките екипи го реанимирале девојчето и го однеле на клиника за детски болести во релативно стабилна состојба.

Само еден ден подоцна, тинејџерката починала, а полицијата во станот пронашла пет празни капсули или бомби, кои инаку се користат за шлаг.

Жртвата наводно вдишала најмалку три, а полицијата запленила и марихуана, пишува Кроненцајтунг, пренесува словенечкиот портал 24.ur.

„Истрагата за убиство од небрежност е во тек“, потврди портпаролот на државното обвинителство во Грац, објаснувајќи дека се наложени обдукција и токсиколошки истраги.

„Тоа е азотен оксид, кој дејствува како опојно средство. Гасот за смеење е еден вид халуциноген. Ја менува перцепцијата на човекот”, рече психијатарот Манфред Валцл, објаснувајќи дека гасот ги потиснува негативните чувства и болка, но предизвикува чувство на среќа и ја поттикнува имагинацијата.

Волфганг Толер, раководител на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување во Грац, не е запознаен со конкретниот случај, но тој претстави некои од клучните опасности од гасот од смеење.

„Во минатото, се користеше почесто отколку денес како додаток на анестезија”, објасни лекарот, „бидејќи дејствува еуфорично и смирувачки. Ефектот е краткотраен и следствено контролиран”.

Лекарите предупредуваат дека вдишувањето гас за смеење е многу сериозен тренд кај младите, што може да доведе до недостаток на кислород во телото и смрт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас