Утрински Весник
Свет

Рама ја критикуваше Европската Унија: Го оставивте Балканот без вакцини

Рама ја критикуваше Европската Унија: Го оставивте Балканот без вакцини

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ја критикуваше Европската Унија поради вакцинирањето против коронавирусот и истакна дека Европската Унија го оставила Балканот без вакцини.

Рама на прес-конференција рече дека француската амбасада во Албанија, која соопшти дека Рама изнесува неточни ставови за вакцинацијата, ги извадила неговите изјави од контекст и дека не ја обвинувал земјата, туку само го искажал своето мислење.

„Реков дека ЕУ не може да ни даде 10.000 дози, колку време го нема Ковакс. Поентата е дека ЕУ не остава многу простор, бидејќи луѓето знаат дека регионот е опкружен со земјите на ЕУ. Или се наши граници, границите на ЕУ“, рече Рама, пренесува „Репортери“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца