Утрински Весник
Свет

Палестински Исламски џихад се сретна со руски официјални лица во Москва

Палестински Исламски џихад се сретна со руски официјални лица во Москва

Висока делегација на Исламски џихад во Палестина пристигна во Москва во понеделникот за да разговара за палестинската кауза со руски официјални лица, потврди организацијата во соопштението за медиумите, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Исламски џихад посочи дека добиле официјална покана од руското Министерство за надворешни работи да ја посетат Москва за оваа цел. Во делегацијата е генералниот секретар на организацијата, Зијад ал-Нахалах.

„Ќе разговараме за меѓусебните односи што им служат на интересите на Палестинците, ќе мобилизираме меѓународна поддршка за нашите легитимни национални права и ќе бараме начини да се соочиме со политиките на израелската окупација“, велат од движењето.

Минатата недела Русите имаа дискусии со Хамас, вели Муса Абу Марзук од Политичкото биро на движењето. Москва одржа состаноци со официјални лица од неколку палестински фракции за да разговара за напорите за помирување.

Михаил Богданов, заменик министер за надворешни работи на Русија и специјален претставник на претседателот за Блискиот Исток и Африка, ја предводи иницијативата за комуникација со палестинските фракции.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков