Утрински Весник
Спорт

Спортинг го чува врвот, го среди градскиот ривал со гол во 92-ра

Спортинг го чува врвот, го среди градскиот ривал со гол во 92-ра

Интересен меч без многу голови одиграа лисабонските ривали Спортинг и Бенфика во рамки на 16 коло на португалското првентво.

Бодовите останаа за домаќинот, Спортинг со 1-0 со гол на Метеус Њуњес во 92 минута им пресуди на гостите.

Педро Поро нафрли од десната страна, голманот на Бенфика избоксува, а топката падна директно на главата на Њуњес кој погоди за победа

Пред одигрувањето на дербито, Порто со 2-0 славеше против Рио Аве, па сега на табелата Спортинг е прв со 42 бода, Порто е на втората позиција со 38, а Бенфика е трета со 33 бода.

> Спортинг го чува врвот, го среди градскиот ривал со гол во 92-ра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026