Утрински Весник
Магазин

Роби Вилијамс и сопругата купија палата од 24 милиони фунти во Швајцарија

Роби Вилијамс и сопругата купија палата од 24 милиони фунти во Швајцарија

Британскиот пејач Роби Вилијамс со сопругата Ајда Филд и нивните деца Теди (7), Чарлтон (5), Коко (2) и Бо (шест месеци) првпат се преселија во Женева минатата година, среде пандемија, и наводно, сега одлучиле Швајцарија да биде нивна постојана база.

„Роби и неговото семејство се воодушевени. Тие го сакаат ритамот на живот овде. Тие го сакаат отворениот простор и езерото во близина. Оваа област е навикната на богати жители и нивната приватност целосно се почитува,“ извор близок до парот изјави за британски „Сан“.

Роби (46), наводно, склучил договор за купување на раскошната семејна куќа за време на една партија голф со бизнисменот Николас Браншвиг.

„Роби е првокласен играч на голф и го сака местото. Тој се запозна со Браншвиг и тие се договорија,“ вели инсајдерот.

Минатата година Роби откри дека тој и Ајда (41) се преселиле во Швајцарија со своите деца бидејќи таму се чувствувал побезведен во екот на пандемијата на Ковид-19.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста