Утрински Весник
Македонија

Барал 1.500 евра од девојка за да не објави нејзини фотографии на интернет

Судан го исклучи интернетот во земјата поради приемните испити на студентите

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за уцена. Како што се наведува, осомничениот уценувал женско лице дека ако не му даде пари ќе објави нејзини фотографии на интернет.

„ Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен“ се наведува во извештајот.

Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Обвинителството нареди обдукција – семејството не дозволи, девојчето од Тетово погребано

ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

Македонски филм првпат на National Geographic: “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска го откупи светски познатата тв мрежа