Белорусите сакаат да имаат држава што ќе излегува само со мирни иницијативи, но тие се подготвени да одговорат на какви било провокации, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко, пренесува ТАСС.
„Историјата нè научи да бидеме секогаш подготвени да одговориме на каква било провокација. И би сакал да повторам: нашата одговорност тука не е само за Белорусите, туку и за Русите”, рече Лукашенко на состанокот со шефот на Комитетот за контрола на државната граница, Анатолиј Лапо.
Според Лукашенко, нивото на безбедност во белоруската област на одговорност ја надминува секоја граница во светот.
„Ние разбираме дека границата е огледало, лице на која било држава. Тврдам дека ниту една друга држава нема безбедност на границата како Белорусија. Ние мора да ја одржиме безбедноста на државната граница на ова ниво”, рече Лукашенко.
Претседателот посочи дека минатата година, државата била принудена да посвети посебно внимание на безбедноста, што некои го сфатиле како „ѕвечкање со сабји“.
„Нема ништо такво. Никогаш не сме ѕвечкале со сабјите и немаме намера да го правиме тоа во иднина. Сакаме, како и порано, Белорусија да остане остров на безбедноста во Европа и да бидеме земја што ќе излегува само со мирни иницијативи. Ова е нашата перспектива “, нагласи тој.