Утрински Весник
Свет

Германија ја разгледува употребата на руската и кинеската вакцина

Германија ја разгледува употребата на руската и кинеската вакцина

Германија ќе ја разгледа употребата на рускaта и кинеската вакцина за да ја прошири вакцинацијата низ целата земја, објавија лидерите на покраините.

Колкав е притисокот под кој се наоѓаат политичките лидери поради бавната дистрибуција на вакцини, покажува и тоа што премиерот на Баварија, Маркус Зедер, рече дека Германија ќе го разгледа одобрувањето на руската вакцина „спутник V“ и кинеската „синовак“, објави „Гардијан“.

Во понеделникот наутро, неговиот колега од Бранденбург, Дитмар Војдке, се согласи со идејата Германија да се сврти кон други вакцини.

Тој за германската државна телевизија АРД рече дека треба да се користат вакцините кои ги ќе ги поминат нормите на здравственото регулаторно тело, а тоа може да се направи многу брзо, како што беше случајот со „Бионтек“ и другите вакцини.

„Мислам дека е потребно и можно брзо да се проценат овие вакцини, доколку се достапни. Ако се покажат безбедни и ефикасни, треба да се користат“, рече Војдке.

Германија досега одобри вакцини од „Фајзер / Бионтек“ и „Модерна“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија