Утрински Весник
Македонија

Реакција од „Комунална хигиена“: Не ги фрлајте маските и ракавиците директно во канти и контејнери

Реакција од „Комунална хигиена“: Не ги фрлајте маските и ракавиците директно во канти и контејнери

Скопското јавно претпријатие за отстранување на отпадот од главниот град „Комунална хигиена – Скопје“ апелира заштитните маски, заштитните ракавици и другиот медицински материјал наменет за заштита на личното здравје да не се фрлаат во кантите за отпадоци или во контејнерите, туку претходно да се спакуваат, за да се заштити здравјето на работниците што го отстрануваат ѓубрето од Скопје.

„Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад. Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси“, се вели во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Од ова јавно претпријатие велат дека го третираат отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот